Историја на островот: Беа клупски другари, сега ќе удрат еден на друг за влез во Премиерлига

961

Скоро цела една фудбалска ера, Џон Тери и Френк Лампард одбележаа играјки за Челси во минатото, но времињата се менуваат и сега овие двајца легендарни играчи ќе вкрстат меѓу себе како тренери., Лампард како предводник на Дерби Каунти, Џон Тери како помошник на тренерот Ден Смит во Вила.

На 27 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се одигра финалето од плеј-офот помеѓу Дерби Каунти и Астон Вила, екипите кои ќе се борат за влез во Премиерлигата идната сезона.

Тери и Лампард кој беа две најзвучни имиња во соблекувалната на Челси во минатото, сега како тренери ќе се натпреваруваат меѓусебно, а само еден од нив ќе го однесе својот тим во Премиерлигата.

Наградниот фонд за овој меч е преку 200 милиони евра како што брифираат медиумите на островот, па од таму доаѓа јасен сигнал зошто е овој меч исклучително важен за двете екипи.