“Танцот“ на русокосата навивачка без градник на СП во Кина е вирален хит: Kоментаторот останал без зборови

535

Кошаркарскиот коментатор и поранешната НБА ѕвезда Ендрју Гејз останал без зборови откако камерата на светското првенство во Кина ја покажала убавата бразилка која „ги тресела“ своите гради, а не носела градник.

Поранешниот играч на Сан Антонио го коментирал двобојот меѓу Бразил и САД во спортскиот центар, а потоа снимателот ја покажал преубавата и атрактивна бразилска навивачка во публиката.

Тогаш коментаторот неколку секунди останал без зборови, а реченицата која подоцна ја изговорил веќе се прераскажува на социјалните мрежи. Згодната русокоса и нејзините неколку танцови движења прикажани биле во салата на големиот екран, а потоа следел аплауз.

„А… Поддршката која ја имаат од своите фанови…“ – зборувал 54-годишниот, а снимката станала вирален хит.

loading...