Македонецот Харис Бабачиќ кој живее и работи како вирусолог во Шведска преку статус на Фејсбук прашува што прават Министерството за здравство и Лекарската комора додека пациентите заразени со коронавирус се лекуваат со несоодветни лекови?
„Година и пол помина, мене се уште не ми е јасно дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19…

Не водам евиденција, но вака одоковно на една третина до половина од луѓето со КОВИД-19 од Македонија со кои контактирам им биле препишани ненормални дози на ивермектин во комбинација со панцеф и/или моксирал и/или азитромицин. За вирусна болест, кршејќи ги сите принципи на медицина базирана на докази.
Па се прашувам што прават Министерството за здравство и Лекарска Комора… Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле?
И дали некој од нив некогаш ќе одговара бар морално за вакви грешки?“, стои во неговиот пост на Фејсбук.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)
