Директорот на „Улици и патишта“ уапсен со кокаин!

870

Сенад Смаиловиќ – Сенко, директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, – дознава Лидер.

Како што дознаваме од полициски извори, при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.

На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.

Смаиловиќ стана директор на Улица и патишта по доаѓањето на Петре Шилегов на градоначалничката функција.
izvor – lider.com.mk