Македонската фолкерката ги шокираше пријателите: Само по градник во двор и машка рака како ја влече за коса?! (ФОТО)

261

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова ги шокираше пријателите, колегите, фановите и сите други што ја познаваат како и целата јавност, откако осамна нејзина фотографија со која сите ги исплаши и загрижи: Со свенат поглед и наведната глава, разголена само по градник во дворот и машка рака како ја влече за коса?!

И покрај тоа што е убава, згодна, сексапилна и привлечна, Тања важи за вредна, верна и посветена семејна жена, сопруга и мајка, па затоа многумина беа вчудовидени и згрижени што тоа и се случува на атрактивната кумановка?

За да ги лиши од грижите и да ја појасни целата ситуација, пејачката ја објави „големата слика“ и уште неколку други фотографии промовирајќи ја својата нова уметничка фотосесија.

Имено, Тања подготвува нов материјал, две нови песни и видеоспотови, па како вовед или поточно претходница на она што допрва треба да го понуди на музички план, реши на јавноста да и понуди нови фотографии.

„На една од песните автори се:т екст – Љ.Василевски, муз. и арр. Љупчо Павловски, а на втората, текст: А. Стевановски, муз. и арр.  З. Миладиновски. Спотови ќе има и за двете песни, но ќе почекам малку да се разубави времето“ – вели пејачката.

Колку и да е еротска, скокотлива, заводлива, провокативна… во новата фотосесија има и неколку необични пози, кои можеби некого загрижија и исплашија, ама затоа никого не оставија рамнодушен.

Тоа веројатно и била целта на пејачката и нејзиниот уметнички фотограф: Да ја заинтригираат јавноста, пред сексапилната кумановка музички да и се претстави во ново руво!

Во кожа или латекс, со разголени нозе, само по градник или распослана на скалите во елегентен црвен фустан, Тања делува повеќе од заводливо и пожелно, а сепак далеку од вулгарно. Еротска естетика, која мами воздишки и буди сништа, а сепак има уметничка нишка!