Младите фудбалери на ФК “Cool” на најдобар можен начин ја израдуваа јавноста, на почетокот од оваа календарска година.
Македонските таленти (генерација 2010) гостуваа во Грција на тежок турнир каде на дело ги прикажаа своите квалитети. ФК “Cool” се пласира во големото финале против домашниот “West Soccer Academy” и приреди вистинско шоу. Преставникот на нашиот јужен сосед беше “демолиран” со 6:0. На овој повеќе од убедлив начин, ФК “Cool” го освои турнирот во Волос (Грција).
Честитки за младите момци!
Иднината на нашиот фудбал е повеќе од светла.
Се надеваме дека нивниот пример, храбрата игра и одличната претстава ќе ја следат и други млади таленти.
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















