Светската ракометна федерација ИХФ денеска ги објави сатниците за натпреварите на Светското првенство што во јануари 2019 година ќе се игра во Германија и Данска. Со натпреварот меѓу Македонија и Јапонија што се игра на 11.јануари (петок) ќе стартуваат дуелите од групата Б. Македонската селекција дуелите од групата ќе ги игра во Минхен во Олимписката сала, а првиот дуел почнува во 15:30 часот.
По слободниот ден во сабота нашите ракометари во второто коло ќе играат против Бахреин во недела на 13.јануари со почеток во 14 часот. Следен противник во понеделник на 14.јануари е Хрватска, а овој дуел почнува во 18 часот. По следниот слободен ден Македонија во 4.коло ќе игра против европскиот првак Шпанија на 16.јануари (среда) со почеток во 20:30 часот, а во последното коло од групата ривал ни е Исланд на 17.јануари,а дуелот почнува во 18 часот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











