Македонија ги дозна противниците во квалификациите за ЕП, никогаш полесна група за нашата репрезентација

726

Точно 55 национални селекции беа распоредени во десет групи, од кои пет ќе се состојат по пет екипи, додека пет групи ќе имаат по шест репрезентации.

Репрезентацијата на Македонија доби допадлива група, без некоја топ репрезентација и група во која може да се надигруваме со секого.

Од првиот шешир ја добивме репрезентацијата на Полска, од вториот Австрија, од третиот ја добивме репрезентацијата која ја посакуваше и нашиот селектор, Израел. Словенија која одигра катастрофално во Лигата на нациите ќе биде наш противник од четвртиот шешир, додека од шестиот шешир ја добивме репрезентацијата на Летонија.

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Летонија

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино

Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн

Најдобрите две селекции од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство кое на програмата ќе биде во 2020 година, а уште четири репрезентации ќе обезбедат пласман на континенталниот собир по одигрувањето на плеј-офите во Лигата на Нациите.

Квалификациите започнуваат на 21 март следната година, а ќе завршат на 19 ноември. Европското првенство за прв пат ќе се одржи во повеќе земји, а финалето ќе биде на програмата на 12 јули на „Вембли“ во Лондон.