Азербејџанските туристички заедници започнале кампања со име „Take a Look“, а целта им е до 2023 година да привлечат што повеќе туристи.
Иако пред кризата била една од најбрзорастечките туристички земји на светот, Азербејџан не е и натаму премногу високо сместена на листата на земји кои туристите сакаат да ги посетат. Поради тоа државата моли да ѝ дадете „втора шанса“ и да размислите и испланирате пат во „земјата на огнот“.

Азербејџанските туристички заедници пред две години започнале и кампања со име „Take a Look“, а целта е да се зголеми бројот на туристите кои ја посетуваат земјата.
Пред две години Азербејџан воведе и нов online систем за визи кој на многумина им го олесна посетувањето на земјата, а добра вест е и тоа што добивањето на виза го поедноставија и Казахстан и Узбекистан, па така олеснето е посетувањето на цел тој регион.
Во последните неколку години земјата доживеала економско процветување, а причината е индустријата за нафта. Главно во градот „никнале“ многу модерни згради и објекти кои од ден на ден ги има во поголем број. Но, одлична вест е и тоа што по заминувањето од градовите ве очекува прекрасна природа, истражување на селата и можност за планинарење.

„Take another look“ ја открива посебноста на Азербејџан. Домаќините одвај чекаат да ја споделат со вас нивната култура, кујна и земјата.
Дека се исплаќа да ја посетите оваа прекрасна земја можеби ќе ви биде појасно кога ќе споменеме дека половина литар домашно пиво во ресторан чини околу 40 денари, мала кока-кола чини само 16 денари, додека пак еден цел леб во продавниците може да го купите за само 8 денари.





![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

