Шок во Мадрид: Зидан неочекувано останува без еден од своите омилени фудбалери

194

Шпанските медиуми веќе со месеци зборуваат за тоа дека Реал Мадрид ќе направи големи промени во играчкиот кадар на крајот од оваа сезона, па секојдневно се шпекулира за новите засилувања на овој клуб.

Меѓутоа, сигурно е дека ќе има и многу заминувања ова лето од „Сантијаго Бернабеу“, но се уште не е познато од кого Зидан се откажал за следната сезона.

Со денови се шпекулира за тоа кого „Кралевите“ ќе доведат на лето, но би можеле да останат и без некои важни играчи. „Л’Екип“ објави дека Реал Мадрид на крајот од сезоната би можел да го напушти Рафаел Варан кој во првиот мандат на Зидан беше еден од клучните играчи.

Наводно, францускиот дефанзивец им порачал на челниците на клубот дека сака да го напушти „Бернабеу“ на крајот од сезоната што за нив е целосно неочекувана одлука на младиот фудбалер.

Се уште не се познати причините зошто Варан сака да си оди, а „Л’Екип“ наводно открива дека едноставно сака нови предизвици во кариерата. Варан во Реал стигна пред осум години од Ленс и беше тотелен анонимус во светот на фудбалот.

Досега во дресот на „Кралскиот клуб“ одигра 268 натпревари и освои дури 16 трофеи. Него би требало да го замени Едер Милитао кој на лето пристигнува во Реал од Порто. Овој трансфер е веќе договорен и официјализиран, а „Кралевите“ ќе ги чини 50 милиони евра.