Македонецот Волкановски е ѕвер во октагонот, ама во однос на сопругата е како – мало дете (ФОТО)

840

Австралискиот ултимејт-фајтер со македонско потекло, Александар Волкановски, неодамна беше главна ѕвезда во престижната УФЦ серија, откако со победа над еден од најдобрите на сите времиња, Макс Холовеј, дојде до титулата светски шампион во перолесна категорија.

Тој со деновиве не се „симнуваше“ од насловните страници на спортските медиуми, но денеска за него се пишува поради сосема поинаква причина – сеирот кој му го „фати“ неговата сопруга на Твитер. Ема Волкановски објави заедничка фотографија со шампионскиот појас, на која делува како џин во однос на популарниот Александар Велики со пораката:

„Позади секој успешен маж стои – висока жена“.

Сопругата на Волкановски е речиси цела глава повисока од него што таа максимално го искористи за да се пошегува со него во ситуација кога сите го величаат како нов голем шампион во УФЦ.