Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за “достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција.
Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со бели мантили. Во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, а номинирани биле околу 500 лекари од различни специјалности.
– Лекарот со македонски корени е дел од тимот на Оделот за кардиологиja и интервентна кардиологиja во многупрофилната болница за активно лекување – Бургасмед, појаснуваат бугарските медиуми за Николовски, при описот за лекарите.
Тој е член на Европското друштво на кардиолозите и европската асоцијација за кардиоваскуларна дијагностика. Eден од основачите на модерното отделение за каридоваскуларни болести на МБАЛ “Бургасмед” од Бургас.
– Особено сум благодарен за укажаната доверба од страна на граѓаните и сите што застанаа зад мене и мојата номинација. Тоа е дополнителен мотив, да продолжам да ја работам работата најдобро што можам, рече Николовски за МИА.
Оваа вест со радост ја дочека неговото семејство во Демир Капија, во кое медицината и грижата за пациенти, се негува со генерации. Неговиот татко е дефектолог во Специјалниот завод, а сестрата Кристина која е пред дипломирање за доктор, сака да специјализира психијатрија. Мајка му е патронажна медицинска сестра, а прабаба му, бабица која ги пораѓала бебињата во демиркапиското село Клисура.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











