Игор Џамбазов му ја украде девојката на Андрија Милошевиќ? (ФОТО)

879

Не дека важи за кој знае колку голем швалер, ама Игор џамбазов понекогаш знае да изне нади и на тој план! Или барем така ни се чини по информацијата дека македонскиот шоумен „му ја украл девојката“, а Бога ми и шоуто на популарниот српски актер со црногорско потекло, Андрија Милошевиќ!?

Имено, сите добро се’ уште ја паметиме мегапопуларната ТВ серија „Андрија и Анѓелка “ која се емитуваше и на наедна од нашите телевизии, во која актерите Андрија Милошевиќ  и Анѓелка Прпиќ се момче и девојка во долга врска, живеат заедно, искрено се сакаат, ама и секојдневно се караат и си одат еден на друг на живци!

Токму деновиве Анѓелка Прпиќ е на гости во Скопје. Првата јавно објавена фотографија од нејзиното присуство во македонската метропола осамна на социјалните мрежи, и тоа на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов. На неа, Игор и Анѓелка, а под фотографијата „писание“ со најава: „Игор и Анѓелка, новата играна серија – наскоро…“!

И веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите, нагаѓањата, претпоставките… Вистина е или Игорче си тера мајтап со нас?

Дали популарната српска актерка е во Скопје по своја работа или ќе биде дел од актерската екипа при снимањето на некоја од новите епизоди на третата сезона од хумористичниот ситком „Преспав“, засега останува тајна?! Продуцентите уште пред почетокот на снимањето веќе најавија дека во новите епизоди ќе има актери – гости и од соседството, како што тоа лани беше бугарската актерка Јана Маринова во улогата на газдарицата Преслава, па можеби Анѓелка е една од нив?

Или навистина Игор Џамбазов му ја „украде девојката“, ама и шоуто на популарниот Андрија, што е речиси невозможно!? Конечно, ќе дојде ли и Андрија во „Преспав“ по Анѓелка? Засега нема одговор на овие прашања, а и не би било интересно, ако се’ се знае однапред,нели?!

 

Извор Вистина.мк