Магичниот Митревски: Влезе во игра и со 6 одбрани го реши Флензбург

536

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Никола Митревски, одново имаше блескава ноќ во Лигата на шампионите. Искусниот голман во вистински момент се разбрани и беше најзаслужен за херојскиот пресврт на својот Порто против Флензбург и победата од 28-27.

Португалскиот тим отвори одлично и долго време го чуваше водството, но на почетокот на вториот дел влезе во криза и бундеслигашот го казни тоа и поведе со три гола разлика. Во тој момент меѓу стативите на Порто застана Митревски, кој веднаш го покажа своите квалитети и со шест одбрани, од кои една во самиот финиш, го отпиша германскиот гигант.

По болниот пораз во дербито со Веспрем на стартот од сезоната во Лигата на шампионите, ракометарите на Пари Сен Жермен извојува повеќе од убедлива победа во вечерашното соочување со Динамо Букурешт.

Францускиот гигант на вистински начин се извади за неуспехот против Веспрем и го посрамоти новиот тим на вардарецот Едуардо Гурбиндо, со резултат 41-30.

Ѕвздениот ПСЖ уште од самиот старт тргна моќно и ефикасно и по првите триесет минути постигна 21 гол, по што го затвори прашањето на победникот на овој дуел. Во вториот дел момците на Раул Гонзалез се искачија и на +15, но во финишот Динамо заигра поквалитетно и се избори за пораз од единаесет гола разлика (41-30).

Третото коло од Лигата на шампионите на програмата е следната среда и четврток.