Мадуро си игра војна: Претседателот на Венецуела се повозил во тенк, за да ја демонстрира својата безгранична моќ

701

Претседателот на националното собрание Гваидо, се прогласил себеси за нов претседател на Венецуела, но Мадуро и натаму има значајна поддршка.

Во екот на венецуелската криза настаната поради наводните регуларности во претседателските избори, Николас Мадуро “демонстрирал моќ” возејќи се во тенк, за да покаже дека војската е крај него. 

Кризата во Венецуела, која светот го поделила на оние кои застанале зад Мадуро и оние кои го поддржале Хуан Гваидо, настанала во бранот на повеќедневни протести против Мадуро, поради, како што вели опозицијата, нерегуларните избори.

Претседателот на националното собрание, Гваидо, се прогласил себеси, во текот на големите демонстрации во Каракас, за нов претседател на Венецуела, а зад него веднаш застанале САД, Британија, како и многу земји од Латинска Америка.

Покрај Мадуро застанале Русија, Кина, Иран…Свикана била седница на Советот за безбедност при ОН, а острите пораки меѓу Каракас и Вашингтон стануваат се потензични.

За тоа време, венецуелскиот претседател, во рамките на планираните воени вежби, на светот му пратил порака посетувајќи ја воената база во текот на вежбите. Снимен бил како се вози во тенк. Пораката е јасна – војската е зад него.

Откако од Вашингтон било порачано дека Америка ќе има значаен одговор за Мадуро доколку има било какво насилство или заплашување на дипломатскиот персонал на САД, Мадуро одговорил дека националната армија мора да биде подготвена да ја брани земјата во случај на било какво сценарио.