Ќерката на Панки од „Куку леле“ е убавица од бајките (ФОТО)

1316

Регионалните медиуми, особено порталите  постојано се полни со децата на познатите. Најмногу со нивните убави женски наследнички.  Ќерките на најголемите балкански ѕвезди се секојдневно во фокусот на вниманието… Анастасија-ќерката на Цеца, Луна – ќерката на Анабела, Хелена – ќерката на Топалко, Мина – ќерката на Жељко Јоксимовиќ… Нема ден, со нив и нивниот живот, изглед, имиџ, однесување… да не им се полни устите, (читај редовите) на најчитаните и најтиражни електронски, па и печатени изданија во соседството.

Арно ама, ретко кој од нас знае какви деца имаат нашите музички ѕвезди.

Таа е постара ќерка на Сашо Каимовски, во светот на естрадата попознат под прекарот Панки. Соло изведувач и пејач на дуото „Куку леле“.

И ако ја погледнете и споредите со ќерките на споменатите, од Анабела до Цеца, веднаш ќе ви стане јасно дека тие за неа се „мали деца“! Зашто Јана е толку убава, дури многу поубава и од споменатите ќерки и од нивните мајки и во однос на нив е убавица од најубавите бајки!

Јана Каимовска е тинејџерка, која има 19 години.

Таа е поголемата ќерка на Панки, кој уште ја има и помалата Каја.

И обете вистински убавици, особено поголемата, на која ќерките на регионалните ѕвезди колку и да се во мода, можат само „да и носат вода“!