Луѓето за кои никогаш нема да помислите всушност патат од депресија

684

Депресијата и анксиозноста кај секој човек се одразуваат различно. Психијатриската асоцијација детектирала 9 видови депресија, но надворешното смеење и внатрешното “умирање“ сè уште не се запишани на оваа листа.

Многу духовити и весели луѓе кои ги познаваме често се депресивни. Хуморот и смеата можат да се појават од најмрачните делови на душата. Вообичаено ќе си помислиме дека луѓето кои постојано се шегуваат и прават да се смееме всушност живеат таков живот, но тоа не е вистина.

Блиската врска помеѓу хуморот и депресијата е истражувана кога актерот Робин Вилијамс си го одзеде животот. Токму тој покоен актер во една прилика го објасни овој феномен:

„Мислам дека најтажните луѓе најмногу се трудат да ги насмеат другите затоа што само тие знаат што значи кога се чувствувате безвредно и не сакаат другите да се чувствуваат така“ – изјавил Робин Вилијамс.

Луѓето кои непрекинато се шегуваат всушност не сакаат да го оттргнат тој параван од себе затоа што тогаш ќе ви покажат кои се тие навистина.