Резултатите од бројните студии сведочат дека ова овошје е едно од најлековитите овошја на светот токму поради своето благотворно дејство врз целиот организам.
Калинката се смета за една од највкусните, но и најлековитите намирници. Таа има одлично влијание врз целиот кардиоваскуларен, нервен и коскен систем, а многу научници сметаат дека успешно го намалува и ризикот од срцеви болести, посебно кај лицата со вишок килограми.

Дневната доза на ова овошје го регулира крвниот притисок и холестеролот, а неговите состојки, како што тврдат експертите, влијаат и врз спречување на растот на рак на дојка, простата и дебело црево.
Освен тоа, калинката е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми и маснотиите, а истата штити од дијабетес. Со оглед на тоа што изобилува со различни витамини, посебно А, Ц и Е, таа претставува исклучително средство за елиминирање на воспалителните процеси и вируси во телото.

Калинката има широка примена и во светот на убавината бидејќи се смета за еликсир за кожата. Маслото од калинка е моќно оружје во борбата против стареењето, а на кожата и дава еластичност и свежина. Покрај тоа, маслото успешно се бори и со кожните проблеми како псоријаза, егзема и изгореници од сонце.
За зајакнување на имунолошкиот систем и превенција од многу други болести, но и за поттикнување на серотонинот во крвта, експертите препорачуваат секојдневен внес на една чаша свежо исцеден сок од калинка.
Поради нејзиното влијание врз целокупниот организам, совршениот вкус и широката примена во домаќинството, калинката оправдано го носи епитетот “кралско овошје”.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


