Калинка, мандарина и тиква – вашите најголеми есенски сојузници

399
Есента изобилува со навистина вкусни овошја кои освен што се хранливи, се и многу здрави за вас. А можете ли да си замислите есен без калинка, мандарина и тиква?

Зошто да ги консумирате?

Мандарина

Најголемиот дел од сортите на мандарините се благи, сочни и немаат семки. Постојат и неколку сорти со семки, кои имаат исклучителен вкус, иако луѓето ги избегнуваат. Созреваат во есен и ги има и во текот на зимата.

Во 100 грама свежи мандарини има 53 калории, 13,3% јаглехидрати и занемарливи количини на протеини и масти. Во мандарините има и калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган, потоа витамини А, Б6 и Ц, растителни влакна и каротеноиди.

Ова вкусно овошје помага во намалување на холестеролот, смирување на симптомите на иритирано дебело црево, подобрување на работата на дигестивниот систем и го стимулира метаболизмот.

kalinka-mandarina-i-tikva-vashite-najgolemi-esenski-sojuznici-02.jpg

Тиква

Печена, варена, како прилог или како самостоен десерт, нема кој не ја сака есенската тиква.

Во Европа постојат многу сорти на тиква, од кои најголемиот дел се јадливи, а некои се користат и за сточна храна. Тиквата е преполна со витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е и К, фосфати, калциум, железо, пектини, целулоза, бета-каротен и сето тоа со ниска енергетска вредност од 26 калории на 100 грама.

Одлична храна е за оние кои се на диета, како и за дијабетичарите, хронично болните од дигестивни проблеми, како и за намалување на ризикот од канцерогени заболувања.

Дополнително, од повеќе видови може да се јадат и семките, кои имаат висока енергетска и нутритивна вредност.

kalinka-mandarina-i-tikva-vashite-najgolemi-esenski-sojuznici-03.jpg

Калинка

Калинките се познати како овошје со голем бенефит за здравјето. Тие се симбол на здравје, плодност и одново раѓање.

Редовното консумирање го подобрува кардиоваскуларниот систем, ги обновува ‘рскавичните ткива, го регулира крвниот притисок, а кај мажите има особен бенефит врз простатата.

Калинките содржат витамин Ц, фолна киселина, калиум, полифеноли, а споредено со брусницата, портокалите и зелениот чај, има многу повеќе антиоксиданси.

Можете да ги јадете црвените зрнца, или пак да подготвите свежо исцеден сок.

kalinka-mandarina-i-tikva-vashite-najgolemi-esenski-sojuznici-04.jpg