Пинковата ѕвездичка Лина Пејовска наскоро ќе ја изненади јавноста со нов сингл кој го потпишува Дарко Димитров. Младата пејачка деновиве објави видео на социјалните мрежи каде ја најави темата, а истата ќе го носи името “Hot and Cold”.
“Вредно работиме во студио во Дарко, спремаме многу новитети, но не сакам предвреме да откривам ништо и сакам да ја изненадам публиката”, накусо ни прокоментира младата Пејовска која од своето прво појавување во музичкото шоу па до денес го има променето во буквална смисла личниот опис и од девојче се има претворено во заводлива и секси убавица која плени каде и да се појави.
Инаку, ова е втора песна на Лина, своето деби го имаше во рамки на фестивалот “Макфест” каде ја испеа “Ако ме сакаш” која доби и српска верзија.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)


















