Леонардо најави можно враќање на Ибрахимовиќ во Милан

860

Италијанскиот гигант Милан не ја отфрла можноста Златан Ибрахимовиќ да се врати во Милано.

– Златан може да му помогне на тимот и на возраст од 37 години. Но, мораме полека да пристапиме кон нештата и да не ги заборавиме барањата за финансиски ферплеј, рече спортскиот директор на Милан, Леонардо.

Бразилецот соработуваше со Ибра во Пари Сен Жермен.

– Нормално е дека се уште постои врска меѓу нас, сакаме да изградиме силен тим, но во моментот трансфер пазарот е затворен, додаде Леонардо.

Ибрахимовиќ има договор со Лос Анџелес Галакси, а во дресот на Милан настапуваше во периодот 2010 – 2012 година, освојувајќи ја титулата во Италија во 2011 година.

Во меѓувреме, „росонерите“ објавија информација за договор со Фламенго за младата ѕвезда Лукас Пакета, кој веројатно ќе игра на „Сан Сиро“ од јануари.