Кина со остро предупредување до САД: Воените бродови подалеку од Хонгконг!

616

Кинеските власти порачаа дека на американските воени бродови и авиони нема да им биде дозволено да го посетат Хонгконг.

Пекинг истовремено воведе и санкции против неколку американски невладини организации кои ги обвинува дека ги охрабруваат демонстрантите да вршат екстремистички, насилни и криминални активности.

Кина ги најави овие мерки како одговор на американските законски одредби кои минатата седмица ги поддржаа протестите во Хонгконг. Од кинеското Министерство за надворешни работи исто така најавија дека ќе прифатат дополнителни санкции.

„Ги повикуваме САД да ги исправат своите грешки и да престанат да се мешаат во нашите внатрешни прашања. Кина ќе преземе дополнителни мерки ако тоа е потребно за да ја зајакне стабилноста и просперитетот на Хонгконг, како и кинескиот суверенитет“, соопшти министерството.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица го потпиша законот за човечки права и демократија на Хонгконг, со кој се поддржуваат тамошните анти-владини протести ѝ Вашингтон со законот им се заканува на кинеските власти со воведување на санкции.

Аналитичарите стравуваат дека сето ова може да ескалира и да го сруши најавеното постигнување на договорот околу трговската војна помеѓу Вашингтон и Пекинг, нешто што би можело да ја загрози светската економија.

Во изминатите години воените бродови на американската морнарица редовно го посетуваа Хонконг, нешто што е традиција која датира од враќањето на таа британска колонија на кина во 1997-ма година.