Патник во автобус тешко повреден, девет сообраќајки вчера во Скопје

112

Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, тројца за не носење заштитен шлем и 11  возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 14 лица, од кои 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и 12 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 84 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 69 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „25 Мај“ објектите „ Пони “ и „Морковче“ на подрачјето на општина Гази Баба.

loading...