По лажната вест дека српскиот актер Милош Биковиќ се наоѓа на бојното поле во Ерменија, на Твитер се појавила и фотографија од Жељко Ражњатовиќ Аркан, како платеник кој војува таму.
Ваквата вест со преработена фотографија од Аркан била објавена на Твитер и веднаш предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи.
Станува збор за лажна вест и монтажа, но за да биде претставено пореалистично, преработиле стара фотографија од Аркан. На фотографијата додале и “филтер за старост” кој станал вирален меѓу младите од светот на сите социјални мрежи.
Masta moze svasta! pic.twitter.com/YDFClOmXqX
— Apokaliptick (@Apokaliptick) October 5, 2020
Турскиот сајт “derindusunce.org” на својот профил на Твитер објавил лажна појава на Аркан во Ерменија, дури и се пишувало дека дошол по жените и децата на тамошните војници.
Сепак, како што тврди “Blic.rs“, станува збор за измама, а тоа го докажува и фактот што фотографијата била избришана само еден час по објавувањето.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















