Куба објави дека привремено ги укинува рестрикциите за количина на храна и лекови кои патниците можат да ги внесат во земјата, што е мал чекор од многубројните барања на демонстрантите кои излегле на улиците минатиот викенд.
Од понеделник на 19 јули нема да има ограничување за робата која ја носат патниците до крајот на годината.
Илјадници жители излегле на улиците ширум земјата поради недостиг на основни прозиводи за живот, ограничување на граѓанската слобода и начинот на кој властите го решаваат проблемот со пандемијата. Ова се најголемите протести во Куба во последните неколку децении.

Едно од барањата е луѓето кои доаѓаат во Куба со залихи да не плаќаат царина. Промената ја објави премиерот Мануел Мареро Круз на состанокот кој го пренесуваше државната телевизија.

“Ова е барање на голем број патници и одлуката е неопходна”, рекол премиерот и додал дека повторно ќе се согледа ситуацијата после 31 декември.
Десетина луѓе биле уапсени во немирите кои започнаа на 11 јули, а властите потврдија дека едно лице го загуби животот.
Неодобрените демонстрации се нелегални во државата, а антивладините протести ретко се случуваат. За овие настани властите ги обвинија “контрареволуционерите” кои се финансирани и поддржувани од САД.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











