Иако ова важи за еден од најкратките летови во регионот, многумина не знаат дека токму таквите летови бараат најголемо внимание на пилотите, но и дека аеродромот во Тиват е наменет само за оние, најискусните пилоти.
Според зборовите на пилотите, слетувањето на Тиват е како да паркирате автомобил на косо во гаража.
Поради високите планини кои го опкружуваат аеродромот, слетувањето на Тиват мора да се изведе со целосно внимание и многу прецизно.
Токму тоа е причината зошто аеродромот во Тиват работи само преку ден.
Природните карактеристики на Црна Гора и опкружувањето на аеродромот можат да бидат многу опасни за ноќните летови така што аеродромот е отворен само преку ден.
Иначе, аеродромот Тиват е најпрометниот аеродром во земјата која прима речии и до 80 отсто од вкупниот број на туристи кои годишно ја посетувааат Црна Гора.
Уживајте во погледот од кокпитот и погледнете како изгледа слетувањето на Тиват…












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















