Сите 5.800 вработени во битолската фабрика за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ во наредните 2 до 4 недели заминуваат на колективен одмор, поради откажани нарачки од клиентите. Ова за Телма официјално го потврдија од најголемата странска инвестиција во ИЗ„ Жабени“ во Битола.
Во претходните 3 месеци од фабриката биле отпиуштени 200 до 300 работници, поради намален обем на работа, односно драстично намалување на продажбата на автомобили. Од „Кромебрг и Шуберт“ тврдат дека нема да има други отпуштања засега.
Оваа германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше над 6000 вработени, со што фабриката е најголемиот работодавач во Регионот.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













