Кремаво совршенство: Највкусните принцес-крофни што некогаш сте ги пробале

1168

Идеален спој од кремав фил и крцкави крофни

Потребни состојки:

За крофните

  • 500 милилитри вода
  • 250 милилитри масло
  • 300 грама брашно
  • прстофат сол
  • 8 големи домашни јајца или 9 со средна големина

За кремот

  • 1 литар млеко (одвојте една чаша млеко и додајте чаша слатка павлака)
  • 4 жолчки
  • 6 лажици густин
  • 4 лажици брашно
  • 15 лажици шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 100 грама путер
Начин на подготовка:

Ставете ги да зовријат водата, маслото и солта. Кога ќе зовријат, постепено додавајте брашно, мешајте со миксер додека не се згусне смесата, а тоа ќе се случи многу брзо.

Тргнете ја од оган и веднаш по две-три минути додавајте ги јајцата едно по едно, така што ќе додадете едно јајце, ќе ја промешате смесата, па потоа ќе го додадете следното. Мешајте со миксер или рачно со лажица. Оставете го тестото да се излади целосно.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со шприц или лажица, направете крофни со големината што ја сакате. Нека не бидат преголеми, бидејќи тестото ќе нарасне за време на печењето.

Ставете ги крофните да се печат, прво 10 минути на 200 степени, а потоа уште околу 30 минути на 180 степени.

Загрејте ја рерната на 180 степени, печете околу 15 минути на таа температура, па намалете ја на 160 степени и печете уште околу 25 минути.

Немојте да ја отворате рерната за време на печењето.

Приготвување на кремот: Од литар млеко одвојте околу 1,5 децилитри, а остатокот ставете го да се вари со 4 лажици шеќер. Изматете жолчка, густин, остатокот од шеќерот и ванилата со 1,5 децилитри млеко. Во смесата додајте уште една шолја зовриено млеко, измешајте па вратете ја во зовриеното млеко. Варете 2,3 минути со постојано мешање, тргнете го од оган, па додајте путер и добро измешајте.

Оставете го кремот да излади и зацврсти, најдобро во фрижидер. Измешајте го ладниот крем со миксер.

На изладените крофнички отсечете им ги врвовите, наполнете ги со крем, вратете им го врвот, па наросете ги со шеќер во прав. Ќе добиете повеќе од 50 мали крофнички.