Иако е слична на француската, полската салата сепак малку се разликува – првично поради мирисот на зачин, кој му дава пријатна и топла арома, а многумина кои ја пробале велат дека е повкусна и од руската салата, која им е омилена на Македонците.
Состојки:
– 4 средни компири
– 2 средни моркови
– 4 јајца
– 6 кисели краставички
– 2 помали јаболки
– 2 лажици густ јогурт
– 5 лажици мајонез
– 1 лажица сенф
– зачини
– сол и бибер

Подготовка:
Ставете ги компирите и морковите во тенџере, додадете вода и оставете да зоврие. Варете додека не омекнат, а јајцата сварете ги во друг сад.
Кога ќе се изладат, излупете ги компирите, па исецкајте ги на коцки. Исецкајте ги и морковите, јајцата, киселите краставички и јаболките. Ставете зачини.
Измешајте ги со густ јогурт, мајонез и сенф.
Префрлете ги сите состојки во еден сад, па внимателно мешајте додека преливот и останатите состојки не се соединат. По потреба дополнително зачинете и оставете да се излади.
На здравје!














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)



















