Уживајте во неодоливиот вкус што го нуди непогрешливата комбинација од чоколадо, јаткасти плодови и урми.
Потребни состојки:
За кората
- 2,5 шолји бадеми
- 15 урми
- 2 лажици какао во прав
- прстофат сол
За чоколадниот фил
- 2,5 шолји индиски ореви (покиснати 4-8 часа)
- ½ шолја вода
- ½ шолја стопено кокосово масло
- 5 лажици мед
- 5 урми
- 2 лажици какао во прав
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки со помош на блендер, сè додека не добиете компактна смеса.
- Ставете ја смесата во тепсија за колачи, претходно обложена со хартија за печење.
- За подготовка на чоколадниот фил, ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и медот во блендер и мешајте додека не добиете соединета смеса.
- Додајте ги и останатите состојки и мешајте уште неколку секунди, па прелијте го филот врз корите.
- Оставете го колачот да стои во фрижидер најмалку шест часа (пожелно е и подолго) пред да го послужите.
- Украсете го со листови од бадеми.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















