По фантастичната изведба и 74 постигнати поени пред само два дена, Џо Јанг во текот на вчерашната ноќ имаше уште едно импресивно издание. Бекот на Нанџинг синоќа, во големата победата на својот тим на гостински терен против Шанкси, постигна 57 поени зачинети со 9 скокови и дури 8 украдени топки. “Кралските мајмуни” победија со 115-100, но сепак “плеј офот” сеуште изгледа како тешко достигнување.
Со вакви офанзивни партии Јанг само ја зголемува заинтересираноста од најсилните тимови во Европа. Најнова информација е дека тимот на Чикаго Булс е спремен да направи напори и да го врати во NBA лигата. Ако продожи со вакви шокантни партии нема да биде никакво изненадување доколку набрзо се врати во најсилната лига во Светот. Во продолжение следува видео од последното “ремек дело” на врвниот стрелец. Уживајте…
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















