Капитенот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, конечно започна да го користи летниот одмор и тоа еден месец по крајот на сезоната.
По клупската сезона со Нант, и репрезентативните активности со Македонија, тој беше посветен на неговиот камп две седмици.
Сега конечно може да здивне. Некаде покрај море и на плажа, капитенот се почести со добра риба!