Кога жената ќе замолчи: Тишината понекогаш зборува најгласно!

256

Жените се познати по тоа дека сакаат да зборуваат. Тие се покомуникативни од мажите, уживаат да споделуваат искуства и чувства, но и тие имаат свои молчеливи периоди.

Кога жената ќе замолчи, нејзината душа би ги вриснала овие работи:

Го чува своето достоинство

Најлесно е човек да го одврзе јазикот и да си ја олесни душата преку навреди и врескање. Но, ако жената молчи тогаш или е бесна или повредена, тоа значи дека таа знае како да го зачува своето достоинство. Но, нема да поминете без последици, но, кога ќе се смири.

Повредена е

Кога не сака да зборува, тоа значи дека нешто навистина ја мачи и ја повредило. Сака да ги поправи работите, но најубаво ѝ е да биде сама со своите мисли.

Сака самата да се избори со нешто

Во минатото веројатно барала совети, но така само ги вовлекувала и другите луѓе во своите проблеми. Таа знае дека може и самата да се справи со проблемите дури и кога молчи и тоа и го прави.

Преку глава ѝ е од сѐ

Нема идеи и веќе ѝ е преку глава од сѐ. Потребно ѝ е време и слобода да смисли како понатаму.

Зафатена е

Понекогаш едноставно нема време за муабети.

Потребни сте ѝ

Не знае како да ве замоли да бидете покрај неа, па затоа едноставно молчи. Ако навистина ова е причината, ќе го препознаете тоа во нејзниот поглед.

Се штеди себеси

Наместо да се расправа и докажува кој е во право, таа едноставно молчи.

Потребна ѝ е пауза

Можеби е воознемирена од кавгата и потребни ѝ се малку мир и тишина

Премногу размислува

Има многу грижи и многу одговорности, па потребна ѝ е тишина за да одлучи кој потег треба да го повлече.

Таа е силна

Кога нешто лошо ќе ѝ се случи, таа ќе плаче, но само кога е сама. Затоа молчи и се тргнува настрана, ги бара својата тишина и мир.

Не знае што да каже

Ниту една жена нема во сериозна ситуација да зборува само колку да каже нешто. Ако нема што паметно да каже, попрво би молчела.