Кристи Бринкли со својата појава и позитивност го привлекува вниманието кај и да се појави.
Американската манекенка, актерка и претприемачка Кристи Бринкли, воодушевила 600.000 следбеници на Инстаграм со фотографијата од крузерот и сега на сите им е јасно зошто никој не ѝ верува кога ќе каже дека има 66 години.
На Кристин заштитен знак ѝ е долгата руса коса, широката насмевка која никогаш не ја трга од лицето, но и добрата линија на тело.
Благодарноста за својот добар изглед се должи на исхраната, позитивен и квалитетен сон како и вежбање во теретана, пливање и скијање.
Сепак за него исто така заслужен е и ботоксот кој го става само во вратот, но не и во подрачјето на лицето, а исто така таа често оди и на ласерски третмани на подмладување.
Кристи светската слава ја стекнал откако се појавила во списанието “Sports Illustrated”. Во својата богата кариера се појавила на над 500 насловни страници на списанија, а била и заштитно лице на многубројни славни модни куќи и брендови.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















