Експертите откриваат кога ќе дојде крајот на пандемијата: „Во овие услови вирусот не опстојува, а не е важна само температурата

264

Освен белите дробови, научниците во Америка утврдиле дека Ковид-19 може да предизвика и срцеви проблеми, дури и кај луѓето кои што претходно немале проблеми од тој вид.

Исто така, научниците предупредиле дека коронавирусот може да има кобни последици за луѓето кои што веќе патат од постоечки кардиоваскуларни болести, како на пример хипертензија.

Научниците анализирале претходни коронавируси како што се САРС и МЕРС, но состојбата на Ковид-19 кој ја предизвика пандемијата која што моментално владее со светот е многу поопасна. Научниците дошле до заклучок дека коронавирусот може да влијае на срцевиот мускул, пренесуваат од „The Sun“.

„Веројатно е дека, дури и доколку претходно сте немале срцеви болести, коронавирусот ќе влијае на срцевиот мускул. Генерално, потврдено е дека повреда на срцевиот мускул може да му се случи на секој пациент, без оглед дали имал кардиоваскуларни проблеми претходно, но ризикот е многу поголем кај оние кои што веќе имаат дијагностицирано срцева болест“ – истакнал Мохамед Маџи, автор на истражувањето и доцент на Научно-истражувачкиот здравствен центар во Универзитетот во Тексас.

Исто така познато е дека инфекцијата ја влошува состојбата на срцето и може да предизвика срцев удар. Оваа инфекција може да доведе и до перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) и миокардитис (воспаление на срцевиот мускул).

Научниците изјавиле дека откриле значајна поврзаност помеѓу срцевте заболувања и смртниот исход меѓу пациентите заразени со Ковид-19 во борбата во Вухан во Кина.