Кога државата ги почитува своите народни херои: Путин одликуваше 98-годишна Русинка, нејзината приказна е неверојатна

71

Претседателот на Русија, Владимир Путин одликуваше руска ветеранка од Втората светска војна – оваа хероина собира средства на интернет како поддршка на семејствата на докторите кои починале од коронавирус.

Иако има 98 години, Зинаида Корнева повторно покажа што значи да се биде херој, но и државата Русија го препозна тоа. Доделено ѝ е признание за добротворна работа и „голем придонес во добротворните јавни активности“.

Анаида во април, во екот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, инспирирана од британскиот воен ветеран Том Мур кој со пешачење низ својата градина собираше средства за борба против Ковид-19, отвори свој канал на YouTube. Така, таа стана најстарата „јутјуберка“ на светот, а на својот канал секојдневно ги раскажува своите искуства од Црвената армија и борбата против нацистите.

За два месеци, оваа супер-бабичка, родена во Санкт Петерсбург, собра повеќе од 4,5 милиони рубљи (околу 60 илјади долари) кои им ги подели на 151 семејство на доктори кои борејќи се со пандемијата го загубиле животот.

Да живееше во Македонија, веројатно властите ќе ѝ појаснеа дека нејзиниот народ не се борел против фашистички окупатор, туку тоа било „некаква администрација“.