Партнерот не го бира вашиот разум, а ниту срцето – туку овој орган

629

Сигурно сте забележале дека во стабилна врска се двајца луѓе кои што немаат речиси ништо заедничко. Причината е едноставна.

Доколку по којзнае кој пат сте се запрашале зошто ви се допаднала баш таа личност, иако понекогаш мислите дека не е по ваш вкус, тогаш треба да знаете дека ”виновникот” е сетилото за мирис.

Науката докажала дека главниот елемент за привлекување е невидлив, па така по природа нè привлекуваат луѓе чиј имунолошки систем е поразличен од нашиот затоа што со тоа потомството ќе има еволутивна предност.

Истражувањето било правено со маици, а луѓето ги мирисале и избирале…

Интересно швајцарско истражување се обидело да ја утврди врската помеѓу изборот на партнер и телесниот мирис.

Преку мирисање на маиците требало да се одреди степенот на привлечност на нивните мириси.

На крајот се воспоставило дека учесниците воглавно бирале маици кои што ги носеле луѓе со целосно различен MHC комплекс.