Кластер во штипскиот затвор, позитивен и Митко Чавков

79

Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на коронавирусот. Исто така, од затворот потврдија дека заразени се и тројца вработени, пренесува порталот СДК.

– Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на коронавирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица, рече директорот Мики Тодоров.

Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.

Вчера во затворот се тестирале уште дваесетина затвореници и вработени, за да се открие дали кластерот се шири.