Почетна Свет Ќе ви се насолзат очите: Емотивна средба на таткото и возачот кој...

Ќе ви се насолзат очите: Емотивна средба на таткото и возачот кој му ја прегазил ќерката!

1170

Во Бразил пред неколку дена дошло до тешка сообраќајна незгода во која тешко било повредено 10-годишно девојче. Од силината на ударо на девојчето му е скршена ногата, повреден колкот, а останала и без неколку заби.

Се покажало дека возачот не бил виновен, туку дека малечката Агата играјќи си невнимателно истрчала од зад еден паркиран автобус точно пред автомобилот што ја удрил.

Возачот не можел да ја избегне, па ја удрил со предниот дел од возилото. Несреќата толку го погодила што почнал да плаче и да се тресе од шок, а тотално се скршил кога му пришол таткото на девојчето.

Тој неочекувано го гушнал возачот и се обидувал да го смири.

– Не беше момент за кавга и тепачка, беше момент кога на сите ни требаше утеха и поддршка. Видов искреност во неговите очи и дека е тажен од длабочината на душата, рекол таткото за бразилските медиуми.