„ЌЕ ГЛАВИШ ВО ГРАД ДО ДОЦНА? САБАЈЛЕ ФЕРГУСОН ТИ СТАВА СЛИКИ НА ЅИД ОД ТАМУ КАЈ ШТО СИ БИЛ“

68

Холандскиот напаѓач откако беше најдобар играч во Премиер лигата во дресот на Арсенал, но не освои вреден трофеј, реши да премине во лутиот ривал Манчестер Јунајтед за да се израдува на титулата. Таму го пречека најголемиот.

Робин Ван Перси кој пред неколку месеци ја заврши кариерата во Феенорд, реши да раскаже за Sofoot за тоа каков бил Сер Алекс Фергусон.

„Тренерот Фергусон знаеше кога да реагира за да изврши притисок со дисциплина.

Во мојата прва сезона (2013), бевме први на табела со 15 бода предност и го пречекавме Манчестер Сити со цел да ја осигураме титулата. Ако победевме, ќе отидевме на 18 бода предност но изгубивме. Тоа уште нè остави на 12 бода и многу тренери не би драматизирале толку.

Но шефот (Сер Алекс Фергусон) од друга страна, збесна. Беше многу гневен.

„Изгубивме против Сити во април таа година ама уште имавме 12 бода предност. Двајца играчи отидоа на забава вечерта после мечот. Следниот ден, Фергусон закачи слики од забавата на ѕид и рече: „Ако ја изгубиме титулата, тоа ќе биде само ради овие двајца морони.

И не застана таму. Нè предупреди дека ако слушне збор дека некој од нас излегол навечер пред да ја освоиме титулата, ќе биде исфрлен од тимот. Безмилосен беше. Викаше: „Не ми е гајле кој си и колку трофеи си освоил – ако излезеш доцна навечер пред крајот на сезоната јас те продавам и готово.

Да, ги знам имињата на тие двајца, но не можам да ги откријам. Тренерот ги пцуеше, но тие останаа мирни во соблекувалната. Неверојатно беше. Фергусон вртеше многу разни слики, ја пројде цела вечер на играчите по час, во 2 ноќеска, во 3, во 4, со цел да ја нагласи нивната глупост.

После овој говор отидовме на тренинг и тоа беа два најтешки тренинзи во мојот живот. 12 бода бегавме на табела и ова беше негова реакција, раскажа легендарниот Робин Ван Перси за Sofoot.

На крај Јунајтед ја освои титулата уште на 22 април 2013 кога со 3-0 ја совлада Астон Вила и имаше 16 бода предност пред Манчестер Сити во ситуација кога до крајот можеа да се освојат уште 15 бода максимум. Токму фантастичниот Ван Перси со 26 гола беше најдобар стрелец во Премиер лига таа сезона и најзаслужен што Манчестер Јунајтед ја освои титулата. Втор стрелец со 23 гола, зад него беше Луис Суарез.

Најпознат настан од соблекувалната на Манчестер Јунајтед од времето на строгиот Фергусон секако беше онаа од 2003-та година.

Тогаш Манчестер Јунајтед изгуби од ФА Купот од Арсенал, а сер Алекс бил бесен најмногу поради немоќта на Бекам да се справи со младиот Ешли Кол. Кога Бекс нешто му приговорил додека овој урлал, Фергусон шутнал една копачка што била на земја и таа го погодила Бекам во глава и го расекла кај аркадата. Набрзо детето на Манчестер Јунајтед, кој веќе силно навлезе во гламурот со сопругата Викторија, беше продаден во Реал Мадрид а на негово место дојде Кристијано Роналдо.