Кит убиец пронајден мртов, а од стомакот извадиле нешто неприродно: „Како е можно ова?“

474

Кит убиец од 5 метри пронајден е во мочуриште во Вош во близина на Хилбич.

Малолетниот машки кит убиец е долг 5 метри, а се верува дека угинал пред неколку седмици во близина на Холбич.

Се земаат примероци за анализа во лабораторија, а раните анализи од овој редок примерок откриле дека во стомакот имал парчиња пластика кога угинал, но тоа не е причината за неговата смрт.

Неговата причина за смрт останува непозната, но се знае дека орките пливаат во британските води.

„Ова е навистина необично. Последен пат присуствував на вакво нешто во 2001-та година во Мерси“ – рекол некол сведок.

Лешот не е поместен ниту пак допрен внатре поради тоа што може да се распадне.

Познато е дека животното било младо поради неговата величина, но точната старост на животното не е позната.

Во тек е проценка на забите на предаторот за да се обиде да се утврди неговата старост.

На фотографијата е пластиката која се нашла во стомакот на китот.

Анализата на стомакот на жиотното покажала дека истото немало јадено ништо долго време затоа што содржината на стомакот воглавно била празна.

„Китовите убијци за нас се приоритетен вид бидејќи се предатори на врвот на ланецот на исхраната, тие апсорбираат огромна количина на морски загадувачи, особено PCB“ -изјавил некој од научниците.

Генетската анализа ќе помогне во утврдувањето на причините за смртта на китот убиец.