Четириесет и деветгодишниот Киро Стојов од Кочани ја доби најпрестижната награда на манифестацијата „Story Awards“ и беше прогласен за „Стори-личност на годината“ поради хуманиот гест што го направи неодамна, а тоа е донирање орган на човек со кој што не е во крвно сродство.

Тој заедно со своето семејство пристигна на церемонијата, а признанието му го врачи министерот за здравство, Венко Филипче, кој го поздрави овој негов гест, а сите присутни во салата станаа на нозе и со овации му се поклонија на Киро.

Инаку, давањето орган за пресадување од жив донатор е редок случај, не само за македонски услови, туку и за поширокиот балкански простор. Воедно, се смета за највисок пример на хуманоста. Токму Стојов е меѓу неколкуте благородни луѓе кај нас, чиј случај за доброволно донирање дел од црниот дроб за лице со кое не е во роднински врски, па токму поради тоа го сврте вниманието и на регионалната академија на „Стори“, која без дилема едногласно одлучи токму тој да ја добие наградата за „Стори-личност на годината“.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











