“Тоа е одвратно, не знам што да правам?”: Девојка се жали на одвратната навика на нејзиното момче во текот на ноќта, сега не може ниту да спие

738

Девојката кога за прв пат видела што прави нејзиното момче, цела ноќ останала будна неможејќи да заспие.

Едно е да бидете во врска со некој а да не постои (се уште) заеднички живот, меѓутоа, да се биде под ист кров со личност во која сме заљубени е нешто сосема друго.

Тоа бара многу компромиси и меѓусебно разбирање, а за прифаќањето на маните на другиот не треба ниту да се разговара.

Токму една девојка наишла на многу бизарен проблем во однос на момчето и тоа откако започнале да живеат заедно. Толку била збунета со проблемот кој тој го има, што својата приказна ја објави на социјалната мрежа Reddit.

Проблемот на нејзиното момче се состои во тоа што тој во текот на ноќта е мрзлив да се спушти од првиот спрат на куќата до приземје доколку му се оди во тоалет.

Тој не сака да си го уништи сонот, па смислил чуден начин да ја реши потребата за ноќно мокрење.

“Решението на ноќниот проблем го пронашол во тоа што сега чува чаши на комодата покрај креветот и по потреба ги користи да уринира во нив додека јас спијам. Кога за прв пат го направи тоа, пронајдов чаша полна урина на неговата комода. Сега тоа се случува често, а тој понекогаш ќе остави чаша со орина да стои на комодата повеќе дена. Свесен за тоа дека тоа е одвратно не гледа голем проблем во тоа дури и кога ќе го спомнам. Се згрозувам кога ќе го видам тоа”, напишала девојката.

Коментарите беа крајно очекувани и урнебесни.

“Пред се, зошто толку уринира среде ноќ? Друго, зошто ја остава урината по неколку дена да стои во чашата? Трето, зошто си со него?”.