Мелита Ракичевиќ: „ Со Виктор доживеав филмска љубов, парите ги потрошивме заедно!“

4257

После повеќе од три години медиумска илегала, Мелита Ракичевиќ во интервју за „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста прозборе за разводот со сопругот Соме Ракичевиќ, но откри и детали поврзани со нејзината бурна љубовна врска со младиот битолчанец Виктор.

Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели, и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер“, откри Мелита.

За Виктор, пак, кажа дека е љубовта на нејзиниот живот.

Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме се,пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а се друго ставивме во втор план“, додаде поранешната водителка.

Прозборе и за експлицитните фотографии кои пред две години излегоа во јавноста.

Се случи тоа што се случи, но не дозволив тие фотографии да ме уништат. Не се чувствував пријатно кога излегоа, но што е , тука е. Уште не знам кој ги пласираше, но имам некои сомневања. Зли луѓе, зли намери“, заклучи Мелита.