Мора да се биде во тренд: И Кристина Димитриевска позираше по гаќички на снегот (фото)

158

Секојдневно од познатите Србинки осамнуваат разголени фотографии на снегот на минусни температури кои станаа незаобиколен тренд во зимската сезона.

Но, и наши простори не го заобиколија ова, па се почесто осамнува некоја секси фотографија каде позираат во вакво издание на задоволство на следбениците на социјалните мрежи.

Последна во низата ја видовме пејачката Аделина Тахири во црвена долна облека како позира во центарот на Скопје, а сега на ред е нова локација и ново секси издание, овој пат од атрактивната мисица Кристина Димитриевска.

Таа не отиде многу далеку од своето родно Тетово, па реши да се фотографира по бели гаќички на снегот на Попова Шапка.

Со сноубордот во раце, и кадар од кој се истакнаа нејзините долги и витки нозе, Кристина очекувано ги собра сите пофалби.

Дека е оган на снегот и дека го топи со својот сексапил се согласија многумина, а тоа е евидентно од приложеното.