Кинеското вештачко сонце ќе биде готово до крајот на годинава

0
42

Кина привршува со изградбата на вештачкото сонце, кое ќе биде готово пред крајот на годината, пишуваат локалните медиуми. Оваа неверојатна структура ќе може да достигне топлина од 100 милиони степени Целзиусови, што е шест пати повеќе отколку јадрото на нашето Сонце.

Научниците се надеваат дека вештачкото сонце ќе помогне да се искористи моќта и енергија на нуклеарната фузија. Тоа ќе го доближи човештвото чекор понапред до остварување на целта – неограниечена чиста енергија со имитирање на реакции кои природно се случуваат во Сонцето.

Вештачкото сонце прв пат го најавија кинеските истражувачи лани во ноември, но проектот сега достигна битен момент од развојот. Првичните тестирања покажале дека вештачкото сонце  може да достигне неверојатно високи температури. Истражувачите користат уред наречен „токамак“, кој со помош на магнетско поле ја заловува жешката плазма.

Нашето Сонце достигнува тмепратура од околу 15 милиони степени Целзиусови во јадрото, но плазмата на вештачкото сонце ќе достигне температура од 100 милиони степени Целзиусови на електроните, а 50 милиони степени Целзиусови на јоните. Јоните се тие кои генерираат енергија во уредот. Планот е да се достигне температура на јоните од 100 степени Целзиусови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here