Станува збор за инјекции кои се користат против згрутчување на крвта, состојба која е најчеста кај ковид пациентите. Во периодот на целата пандемија се најбарани лекови не само во процесот на лекувањето туку и во постковид периодот на лекување кај пациентите.
Матичните доктори објаснуваат дека како замена го даваат лекот ксарелто, но овој лек чини околу четири илјади денари и парите не се враќаат од страна на фондот како што е случајот со клексанот и фраксипаринот. Од Здружението на матични лекари разбираат дека клексанот е проблем и во другите земји поради неговото побарување во ковид пандемијата. Од здружението бараат од Фондот за здравство да ја ревидира листата со лекови и на пациентите и со ковид и постковид и да им се рефундираат дел од средствата како што е случајот со клексан и фраксипарин.
Од фондот за здравство за лекот ксарелто објаснуваат дека за да се вклучи на листата на лекови оценка треба да даде стручна комисија, формирана од министерството за здравство.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















