Келнерка не го препознала славниот актер, па го „одбила“, видеото стана хит на интернет

777

Една млада келнерка стана хит на социјалните мрежи откако во ресторанот во кој работи не го препознала Адам Сендлер, кој заминал откако му кажала дека мора да почека половина час за да седне и да нарача храна со децата.

17-годишната Дајана Родас станала вирална на ТикТок откако објавила снимка од безбедносната камера од ресторанот во Лонг Ајленд. На видеото се гледа актерот во кежуал издание и една од неговите две ќерки пред да се свртат и да си заминат од локалот.

„Ве молам, вратете се“, напишала тинејџерката покрај видеото кое веднаш стана хит. Претставниците на Сендлер потврдиле дека тоа навистина бил тој, но немале понатамошни коментари за случката.

Дајана за „New York Post“ рекла дека не била свесна дека разговарала со Сендлер уште 15 минути, додека не влегол клиент кој кажал дека само што го видел познатиот актер и комичар.

На ТикТок објавила ново видео со објаснување зошто не го препознала:

„Имаше долга брада, а никогаш не сум го видела без брада. И маската не помогна“, рекла Дајана.

Видеото предизвика бројни реакции, а многумина ѝ упатиле пофалби на девојката.

„Добро си постапила. Ѕвездите треба да се третираат како и сите останати клиенти“, гласи еден од коментарите.