Каролина Гочева ја искараа зошто пеела на македонски јазик на вчерашните MAC награди

2191

Каролина беше културна и ѝ одговори дека станува збор за албум со етно примеси и звучи поавтентично на македонски јазик

Македонската пејачка Каролина Гочева беше единствениот наш претставник кој настапуваше на вчерашниот спектал во Штарк Арената, MAC или Music Awards Ceremony.

Како и секогаш Каролина блесна на сцената и во вистинско светло ја престави Македонија, а настапи со „Ти не дојде“ за која се закити со награда „Најдобра етно нумера“.

Разговорот со Каролина можете да го погледнете по 24 минута во видеото, каде пејачката зборува за својот настап и подготовките, а водителката се дрзна да ја искара зошто не пеела на спрски јазик.

Каролина беше културна и ѝ одговори дека станува збор за албум со етно примеси и звучи поавтентично на македонски јазик, но можеби ќе подготви нешто во иднина.

Настапот на Каролина е 4:09 минута во видеото.