Откриен е најраниот симптом на корона што може да ви го спаси животот: Се појавува на усните

299

Коронавирусот е заразна болест што е потврдена кај повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот. Иако многумина од нас ги имаат напамет научено првите симптоми на оваа многу заразна болест, постојат знаци кои би можеле порано да ве предупредат дека сте заразени.

Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци. Оралните знаци на вирусот на коронавирус сочинуваат само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.

За време на пандемијата на коронавирусите, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаи од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата, се вели во соопштението на дерматолозите.